Шарен омлет во рерна
Морковите исечете ги на мали коцки и ставете ги да се варат во зовриена вода 3 минути. Додадете го змрзнатиот грашок и нека варат уште 3 минути. Ако користитите грашок од конзерва нема потреба од варење. Потоа исцедете ги и ставете ги во еден поголем сад.
На малку масло запржете го кромидот, колку да овене и додадете го во садот.
Шунката исецкајте ја, пармезанот или кашкавалот изрендајте ги и додадете ги во садот.
Во друг сад со вилушка изматете ги јајцата со млекото, исецканиот магдонос, солта и биберот. Сето ова додадете го во зеленчукот и измешајте.
Смесата истурете ја во калап (бр. 26) подмачкан со маргарин. Ставете го да се запече во загреана рерна на 180 степени 15 минути.
Исечете го омлетот на триаголници и послужете го топол.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови