Шарени разиграни макарони со природни бои
Овие макарончиња многу ги сакаат дечињата, многу е интересно за правење и за јадење.
Јас направив макарончиња во три бои.
За жолта боја земете домашно јајце.
Во 200 грама брашно додајте 1 јајце, млеко и малку сол замесете тесто.
За зелена боја, спанаќот изблендирајте го со 50 мл вода.
Во 200 грама брашно додајте јајце, вода со спанаќ, сол и замесете тесто.
За црвена боја цвекло изблендирајте со 50 мл вода.
Во 200 грама брашно додајте јајце, вода со цвекло сол замесете тесто.
Така направете сите трите теста покријте ги со најлонска фолија и ставете во фрижидер.
Разсукајте го тестото едно по едно. Со помош на алатка за сечење исечете го тестото. Направете го во форма на машнички. Ставете ги макарончињата да се сушат или можете веднаш да ги сварите.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани