Шарени макарони
Ако имате малку време направете ја оваа шарена торта од макарони, интересна и многу вкусна, привлечна за децата. Секако, може да се прават и со обични макарони, вкусот е тој, само колоритот е помал.
1. Макароните се варат во зовриена солена вода 10 минути, се ставаат под млаз ладна вода и се оставаат да се цедат.
2. Во сад со посолена вода што врие, замрзнатиот грашок и марковот исечкан на коцки се обаруваат околу 10 минути, се оставаат да се цедат.
3. Чадената сланина и црвената пиперка се сечкаат на коцки.
4. Исцедените макарони се одделуваат според боите. Бидејќи во пакувањето најмногу беа бели макарони, па портокалови и најмалку зелени, ги редев по овој редослед.
5. Во намрсено тавче бр.26 се редат белите макарони, врз нив се распоредува 1/2 од количината на грашок, морков и сланина. Се распоредуваат портокаловите макарони, а врз нив втората половина од количината на грашок, морков, сланина и црвената пиперка. Најгоре се ставаат зелените макарони.
6. Се матат јајцата и солта, се додава млекото, ориганото, се меша и се полева рамномерно врз макароните. Се става алуминиумска фолија и се става во загреана рерна на 220 степени.
7. Се пече околу 40 минути, се вади фолијата, се посипува со ситно изрендано биено сирење или пармезан и со ренданиот кашкавал. Се допекува уште 10-15 минути на 200 степени.
Се служи топло во комбинација со сирење, јогурт или кисела павлака.
Лиценца: Сите права се задржани