1. Смоквите се потопуваат во млака вода и да постојат 5-10 мин. Се вадат и им се сечат рачките. Се прави вдлабнатина и ги полниме со јатките од оревите. Доколку сакате можете покрај оревите да ставате и суво грозје, брусница... па и исецкано желе бонбони. Затворете го отворот. Така постапете со сите смокви.
БЕЛА СМЕСА
1. Густинот ванилата и шеќерот се мешаат.
2. Млекото да зоврие и се трга од оганот. Се додаваат измешаните густин и шеќер. Се враќа пак на огнот да се свари густа крема. Да олади.
3. Маргаринот се изработува пенасто. Во него се додава изладениот крем. Се меша додека се соединат овие смеси. Се додава кокосот и ликерот и пак се меша да се соедини.
4. Се остава во фрижидер да се стегни.

ТЕМНА СМЕСА
1. Во сад се става шеќерот и водата да зоврие. Се трга од огнот и се додава маргаринот. Чоколадото и какаото. Се меша да се соединат сите состојки. Се излива врз мелените бискоти и ореви. Се меша повторно и се продолжува со рака да се меси како би ја почувствувале мекоста на тестото кое ќе го добиете. Потребно е да оваа смеса можете да направите бомбица.

ПОСТАПКА
1. Половина од наполнетите смокви се обвиткуваат со темната смеса, добро се валкаат. Со влажна рака се зема од белата смеса, на дланката се прави мала кора и во неа се замотува вака добиената бомбица со темно тесто. Се валка во кокос.
2. Со другата половина од смоквите се постапува исто така само што е во обратен редослед. Се прави бомбица од полнетата смоква и белата смеса, а се завиткува со кафената смеса. Се валкат во чоколадни трошки, мелени ореви... тоа останува на вас по ваш сопствен избор.

Совет
Секогаш прво ја спремам белата смеса, па додека се лади, јас го измиксам маргаринот и почнувам со припрема на темната смеса.
- Не мора да се стави ликер од кокос ако го нема, најчесто го немам.
- Овие две смеси можете да си ги спремате и по ваши рецепти кои ги имате за бомбици и рафаело, а вие и вашето семејство ги обожавате. Значи ова е комбинација од нашите популарни бомбици Свекрвини очи и Рафаело бомбиците 2 во 1...
Доколку ви остане од рафаело смесата, еве и една идеја како јас ја си спремам рафаело бомбичка, а внатре наместо лешник, правам кугличка од крем карамел, оформам бомбичката натаму знаете како - сигурна сум во тоа.
Уживајте во овој убав спој на двата рецепта!

.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани