Шарени бисквити на тостер - тостерки
Не само децата, ами и возрасните не останаа рамнодушни на овие тостерки, кои едноставно иако крцкави на гриз се топеа во уста. Редно беше да го испробам грил тостерот и за слатки нешта, па што ако не тостерки, се разбира. Едноставно, редиш топчиња тесто, поклопуваш без да стискаш и сами си се печат – милина!
Подготовка
1. Јајцата, ванилата и шеќерот изматете ги со маталка додека се стопи шеќерот.
2. Во сад за месење истријте го брашното со маргаринот, па додадете ги изматканите јајца.
3. Пред да домесите глатко тесто, додадете ги и трошките и убаво измесете. Не ги додавајте порано, но ни на сам крај трошките, за да можат да ја задржат својата компактност и боја, иако зависи и од производителот, па и ако се измешаат не е страшно, можеби ќе се добие уште поинтересна димензија на бои.
4. Од тестото правете топчиња колку орев отприлика или малку поголеми. Ставејте ги на растојание на загреан тостер и печете ги по неколку минути.
Уживајте во грицкањето. А можеби ќе го изненадите Дедо Мраз баш со вакви колачиња
Лиценца: Сите права се задржани