29
јул
2013
Шарена тава ориз со пропржен компир
Лесен и брз ручек. Комбинациите на ориз со зеленчук се бесконечни па слободно експериментирајте.
1. Кромидот и лукчето ситно исечкајте ги и ставете ги во загреана тава да се пропржат. Кога ќе омекнат и ќе добијат боја почнете со додавање на исечканиот зеленчук, прво пиперката, па морковот и на крај компирот. Кога се убаво ќе се пропржи додадете го оризот и промешајте. На крај додадете го сечканиот домат и магдоносот, зачинете по вкус, промешајте и префрлете во тава за печење.
2. Додадете соодветно количесто вода (спрема оризот) и ставете во загреана рерна. Кога е готово оставете малку да се олади па послужете.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Лили и Кате ќе ги пробам и вашите совети :)