Чупави Мафини
За љубителите на кокос, еве еден предлог од мене. Овие Чупави Мафини се едноставни и брзи за правење, и за најмногу 1 час ќе имате превкусен десерт за вас и вашите најмили.
Подготовката е на следниот начин
1. Ги двоиме белките од жолчките. Во длабок сад ги ставаме белките и ги миксираме со постепено додавање на шеќерот и ванилата, до добивање на цврст снег. Потоа ги додаваме жолчките (една по една) и миксираме.
2. Потоа ги додаваме млекото, маслото и пола од брашното (претходно соединето со пецивото). Миксираме кратко до хомогенизирање. Сега ја додаваме останатата половина од брашното и мешаме со рачна маталка.
3. Во калап за мафини ставаме книжни каписли и ги полниме од смесата скоро до горе (видете додатна слика).
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени (околу 20-25 минути). Проверете со чачкалица. Испечените мафини ги оставаме да оладат врз решетка.
5. Потоа ја спремаме глазурата на следниот начин - во сад на пареа ги ставаме путерот и шеќерот, мешаме, додека да се растопи шеќерот. Потоа го додаваме чоколадото, мешаме да се стопи, и на крај го додаваме млекото. Секое колаче го брцнуваме прво во глазурата, па во кокос.
Забелешка - Во зависност од големината на калапот за мафини со кој располагате, зависи и бројот на мафини што ќе ги добиете. Јас од оваа доза добив 13 мафини како на сликата.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани