Чорба со спанаќ
Еве еден многу лесен и вкусен рецепт, кој што знам дека многумина го приготвуваат, но секој си има по некоја своја особеност на приготвување .
Така оваа чорбичка е иста но во исто време малку поинаква са секој што ја приготвил особена на негов специфичен начин.
1. Спанаќот се чисти/јас ги користам само зелените листови без дршките/,убаво се мие и се дроби на ленти на покрупно.
2. Во тенџерче се става малку маслиново масло и спанаќот и се пропржува /малку да омекни/, се додаваат зачините, лукчето, чилито, сол, бибер, а се пржи уште малку за да се примат сите зачини .
3. Се додава измиениот ориз и уште малку се пржи, некоја минутка, па се додава водата и се остава да зоврие.
4. Во филџан вода се разбива брашното, па се додава во спанаќот/јас вака приготвеното брашно секогаш го додавам во јадењата преку цедалка, за да не останат грутчиња од брашното во јадењата/.
Нека зоврие и оставете го да вари околу 20-сетина минути на тивок оган.
Од состојките за прилог на јадењето по ваша желба наптавете салатичка или како што јас ги користам, свежо насецкани кој ако што сака нека ги јаде, а јогуртот и киселата павлака може да се додаде или не во јадењето.
Ова е и како прилог за велигденските пости кои што се во тек....
На здравје....
Уште нешто.
Оваа чорба може да се приготви и од свежи коприви, само што копривите ќе мора прво да ги обарите, па потоа да ја приготвите чорбата на ист начин како со спанаќот.
Лиценца: Сите права се задржани
pozzz
A za ova so cilito da probas ,navistina e prevkusno...pozzz