Чорба од тиквички со паста
Исечкајте ја тиквичката на ситни коцки ,исчистена од средниот дел.
Посолете и оставете ја 15 мин.
За тоа време искечкајте ги морковот, компирот и колбасите на слични парчиња.
Ставете вода во тенџере, ставете ја коцката за супа, малку масло, зачинете и оставете да зоврие.
Во зовиената вода ставете ја пастата, оставете нека вари 5 мин.
Додадете ја исцедената тиквичка, компирот, морковот.
варете 10 мин. додадете ги исечканите колбаси и магданосот.
Варете уште 5-7 мин. Повремено промешувајте.
Одделете малку од водата во кој се вари зеленчукот и во неа растворете го брашното. Ставете го размешаното брашно и варете уште 2-3 мин. Оставете да се подолади и послужете. =)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови