Чорба од карфиол и праз
Во касерола го ставаме маслото и сецканиот праз. Кратко запржуваме. Сега целиот зеленчук го миеме, па карфиолот го киниме на цветчиња, морковот го сецкаме, пашканатот го сецкаме. Целиот зеленчук го ставаме во касеролата кратко да се запржи. Сега налеваме вода одприлика, да го покрие зајрето. Со поклопен капак вариме од 15-20 минути, а во меѓувреме додаваме сол, бибер и малку зачин. Потоа со стапчест миксер ја поминуваме цела смеса или во 2-3 наврати смесата ја ставаме во чашата на нутрибулет да се соедини. Не е грешка ако останат и поголемки парченца од карфиолот. Во еден сад ги соединуваме јогуртот, киселата павлака, сокот од лимон и ситно сецканиот магдонос. Во танок млаз додаваме кај веќе испасираната чорба. Сервираме во длабок тајнир и ставме коцки. тостиран леб Густината на чорбата одредете ја сами. Ако е многу густо додадете вода или бујон и нека прокрчка уште 2-3 минути.