Лесна вкусна чорба.
Подготовка.
1. Стопете го путерот и додадете го ситно исецканиот кромид да се пропржи.
2. Додадете го компирот, лукот, доматите, печените пиперки и бујонот. Гответе на поголема температура додека да зоврие, а потоа намалете ја температурата, поклопете со капак и гответе околу 20 минути. Доматите откако ќе ги исчистите, исецкате, кратко варете, потоа додадете ги во чорбата.
3. На крај додадете го босилокот и зачините. По желба може да додадете и лажица павлака.
Забелешка.
Јас сите состојки откако ги сварив ги изблендирав само компирот го оставив на покрупни делови.Тоа го правам поради пробирливоста на децата да не ми ги туркаат состојките на крајот од тањирот>)
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани