Чоко-рум, розен штангли
Подготовка:
1. Во тенџере на тивок оган ги ставаме да се изедначат, млекото, шеќерот, чоколадото, путерот. Од кога смесата е изедначена оставаме на тивко да врие 2,3 минути. Тргаме од оган и додаваме рум и мелени ореви. Промешуваме.
2, Оставаме малку да се излади филот, но сепак треба да биде млак, така полесно се размачкува. Земаме прва розен кора и ја ставаме на даска за колачи. Ставаме 3,4 лажици од филот. Израмнуваме.
Повторно кора, фил, кора итн. Најгорната кора не ја премачкуваме со фил. Врз неа ставаме прозирна фолија и некој тежок предмет (јас ставив еден голем и тежок Кувар). Нека одстои така 1, 2 часа.
3. Ми останаа 2,3 лажици фил, па ја премачкав и горната кора, а потоа нанесов растопено чоколадо и шарени трошки. Нека отстои така 1 час во фрижидер. Потоа се сече на ремени, па на штангли.
Сервираме и дегустираме од убавинава.
Лиценца: Сите права се задржани
Fala od srce Kate