Чоко рум обланди
Пред да почнеме да го спремаме филот за премачкување на обландите, во влажни крпи ги завиткуваме двете обланди да омекнат.
Во еден сад ги мешаме растопениот маргарин со шеќерот во прав, а потоа го додаваме растопеното чоколадо, какаото,румот и пржените и мелени лешници.
Како го мешате ќе видите како се стегнува убаво филот.
Одмотајте ги обландите и премачкајте ги во целост.
Пресечете ги на три ленти по должина и така мотајте ги во ролат.
Ќе добиете три тенки ролатчиња.
пресечете ги на 4 до пет парчиња, во зависност од тоа колку вие сакате да се големи колачите.
Од едната страна натопете ги со глазурата и попрскајте ги со мелен лешник.
Повторете ја постапката и со втората обланда.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови