Чоко малина торта
Подготовка:
1. Основа- во блендер ги ставаме урмите и лешниците, блендираме. Ги додаваме кокосовите трошки, овесното брашно, агаве сирупот, кокосовото масло и рум аромата. Блендираме. Смесата ја ставаме во округол калап со обрач со дијаметар од 20 цм. Ја натапкуваме.
2. Чоколаден фил- во блендер ги ставаме урмите, кокосовото млеко, какаото, агаве сирупот, стопеното чоколадо и рум аромата. Блендираме додека не се добие хомогена смеса. Смесата ја ставаме врз основата. Оставаме во фрижидер да стои 2-3 часа.
3. Овошен фил- во сад на оган ги ставаме малините и водата на средна температура. Со повремено мешање вариме додека не се згусни смесата. Со виљушка ги пасираме. Го додаваме агаве сирупот , промешуваме. Го додаваме густинот и со жица за матење мешаме да не се создадат грутчиња. Мешаме неколку минути, оставаме настрана да се излади 15 минути и го ставаме врз чоколадниот фил. Тортата ја оставаме во фрижидер уште неколку часа, послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани