11
мај
2018
Чоко-лешник обланда бомбици
Пудингот се приготвува според упатството. Лешниците се потпекуваат и крупно се мелат, чоколадото се топи, а наполитанките се дробат. Маргаринот со шеќерот во прав се мати со миксер и се додава во пудингот. Се додаваат лешниците и наполитанките и на крај чоколадото кое треба да е малку подизладено, да не е многу жешко за да не го отпушти пудингот. Се убаво се меша, па се филуваат обландите. Пред да се поклопат, во средината се става по еден цел потпечен лешник. Се оставаат неколку часа да отстојат, па се сечат или на штангли или се одрежуваат круговите кои после се макаат во тенок слој чоколадо и се прпелкаат во крупно мелени потпечени лешници.