Испечати

Чоко-лешник обланда бомбици

Чоко-лешник обланда бомбици

Состојки

  • 1 пакетче инстант пудинг од чоколадо
  • 100 гр маргарин
  • 80 гр шеќер во прав
  • 150 гр нутела
  • 150 гр крупно мелени потпечени лешници
  • 200 гр чоколадни наполитанки
  • 80 гр чоколадо
  • 2 пакетчиња обланди за рафаело
  • 100 гр потпечени цели лешници

Подготовка

Пудингот се приготвува според упатството. Лешниците се потпекуваат и крупно се мелат, чоколадото се топи, а наполитанките се дробат. Маргаринот со шеќерот во прав се мати со миксер и се додава во пудингот. Се додаваат лешниците и наполитанките и на крај чоколадото кое треба да е малку подизладено, да не е многу жешко за да не го отпушти пудингот. Се убаво се меша, па се филуваат обландите. Пред да се поклопат, во средината се става по еден цел потпечен лешник. Се оставаат неколку часа да отстојат, па се сечат или на штангли или се одрежуваат круговите кои после се макаат во тенок слој чоколадо и се прпелкаат во крупно мелени потпечени лешници.