20
фев
2014
Чоколатца во боја
Ова повеќе како идеја ако сакате да подарите нешто посебно и интересно. Инаку беше наменето за празникот на вљубените.
Чоколадата се растопува со зејтинот на пареа. 1 лажичка од прашокот за сок се раствара со неколку капки вода и се истура во чоколадата. Убаво се меша и се полнат калапите со еден слој. Вториот слој е од насецкани ореви и лешници и се затвара калапчето со преостанатиот дел од чоколадата.
Се добиваат чоколатца со различен вкус и боја.
Во последниот случај се растопува чоколадата и внатре се ставаат дробените лешници и се полнат калапчињата со потенок слој.
Убави, интересни и декоративни .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела