Чоколадо кое омилено некому, со ориз, мераци....Еве еден скромен рецепт, следуваат и други...

Подготовка
Путерите стопете ги на ниска температура, па промешајте ги останатите состојки. Експандираниот ориз додадете го на крај. Промешајте, ставете го во силиконска тава и потоа во замрзнувач. Извадете го и сечете го веднаш пред послужување.

Забелешка
Ако немате силиконска тава за векни, ставете го во соодветен сад кој на дното ќе има најлонска фолија. Можете да го распоредите и во силиконски калапчиња.
Ако ставате ванилин шеќер, а не екстракт од ванила или ванила стапче, морате да го растопите заедно со путерите.
Морате пред служење да го извадите од замрзувач, затоа што структурата му е помека кога ќе се остави повеќе време на собна температура, а вака е таман за грицкање и заблажување особено во посни денови.
Експандиран ориз можете и малку повеќе од оваа доза да ставите, ќе си видите кога ќе ја направите смесата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани