Необично, нели !?
Уште со самиот наслов мислам дека многу луѓе ќе добијат одбивност кон рецептов, ама тој е баш чоколаден и вкусен. Со фрапето имате внес на многу корисни и свежи состојки и ако го направите погусто, можете со лажичка да го јадете, како крем. Ова е и еден предлог како да внесеме свеж спанаќ во исхраната кај најмалите.

Подготовка
1. Сите состојки ги ставаме во Нутрибулет па блендираме кратко, до соединување.
2. Сервираме во чаша или шоља.
3. Декорираме со сечкана банана и лист нане, а потоа се сладиме.

Забелешка
Ако ставите пак повеќе вода во тој случај ќе добите чоколадно смути. Можете да додадете и лист од нане за кој сака чоко-ментол вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани