Чоколадно фрапе со спанаќ
Состојки
- 100 гр свеж спанаќ
- 1-2 листови целер
- 1 банана
- 5 урми без семка
- 1 лажичка какао
- 1 рака аронија
- 1 мала шољичка вода
Деликатно, нели !? Уште со самиот наслов мислам дека многу луѓе ќе добијат одбивност кон рецептов, ама тој е баш чоколаден и вкусен. Со фрапето имате внес на многу корисни и свежи состојки и ако го направите погусто, можете со лажичка да го јадете, како крем. Ова е и еден предлог како да внесеме свеж спанаќ во исханата кај најмалите.
Подготовка
Сите состојки ги ставаме во Нутрибулет па блендираме кратко, до соединување. Сервираме и декорираме со сечкана банана и лист нане, и потоа се сладиме.
Забелешка
Ако ставите пак повеќе вода во тој случај ќе добите чоколадно смути. Можете да додадете и лист од нане за кој сака чоко-ментол вкус