
Чоколадно бухтле
Квасецот растворете го со малку млеко и ставете го во сад за месење. Додајте ги останатите состојки освен брашното. Брашното додавајте го постепено и месите додека се добие изедначено и меко тесто.
 Секогаш велам брашното да се додава постепено зато што секој тип не е исти и различно прима течност.
 Откако убаво ќе го измесите тестото,ставете го во садот, покријте го со проѕирна фолија и крпа и на топло оставете го да гисни додека се дуплира околу 2 часа. Кај мене толку траеше дури се удвои.
 Стасаното тесто размесете го и поделете го на 15 топчиња. Секое топче малку развлечете го со сукало, на средината ставете му по 1 лажиче мармалад и цврсто затворете го да не течи мармаладот и повторно направете топче.
 Ставајте ги во тава (26) и оставете ги да надојдат уште 1 час. Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 35 мин.
 Печени премачкајте ги со путер, покријте ги со алу фолија и крпа и оставете ги да оладат.
 Послужете ги наросени со шеќер во прав како појадок или вечера со млекце!
Лиценца: Сите права се задржани























Да ти кажам кога ја видов фотката некако ме наведе да помислам дека ги правела Лиле, таа ми е по бухтлите, ама сум згрешила:)