Бисквитите и оревите се мелат.
На оган се ставаат млекото,маргаринот и шекерот да се стопат, потоа се додава какаото, па бисквитите и оревите. Се меша убаво да се добие хомогена смеса.
Се трга од оган.
Обландите се ставаат една по една во влажна крпа да омекнат потоа се мачкаат со смесата и се виткаат како ролат.
Се оставаат 10тина минути да се оладат. Завитканите обланди се сечат на мали ролатчиња.
Чоколадото се топи со зејтинот, и едно по едно малите ролатчиња се потопуваат во стопеното чоколадо.
Се оставаат 1час на ладно да се стегне чоколадото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови