Чоколадни - медени срца
Подготовка на тестото.
Јајцата со миксер убаво изматете ги со шеќерот, ванилата и медот. Потоа додајте го маслото и кратко изматите. На крај додајте ги сите останати состојки брашното, какаото, циметот, содата и пецивото и змесите средно и нелепливо тесто.
Количината на брашно зависи од тоа колку се големи јајцата и колку е течен медот, па затоа ако е потребно додајте и повеќе брашно. Моите јајца не беа големи, а медот густ и ставив 500 гр. брашно.
Од замесеното тесто на набрашнета површина развлечите кора од 3-4 мм и со калапче срце вадите колачи. Наредете ги во плех со хартија .
На секое колаче на средина ставите по малку мармалад и нутела и краевите од колачето премачкајте ги со вода. Поклопете го со друго колаче и нежно притиснете го по краевите да се залепат.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 15-ина минути.
Печени оставете ги да оладат.
Подготовка на глазурата.
Во сад на пареа стопетеја чоколадата со маслото. Секое колаче потопете го и ставајте го во плех со хартија. Одозгора украсете ги со шарени шеќерни трошки или по желба. Оставете ги да се стегни чоколадата.
Забелешка
Како што гледате на дополнителните слики при печењето малку се отворија и мармалодот и нутелата малку истече. Затоа најдобро е да се печат самостојно и потоа да се лепат со мармалад или нутела. Тогаш е доволно и 10 минути печење.
Лиценца: Сите права се задржани