Подготовка:
Со постојано мешање растопете ги заедно медот, шеќерот, маргаринот и чоколадото и оставете да олади повремено мешајќи. Потоа додадете ги останатите состојки и замесете глатко тесто. Тестото истенчете го на работната површина која предходно сте ја намастиле или побрашниле со дебелина од половина сантиметар и со помошна калапче вадете форми. Формите распоредете ги во плех прекриен со пек хартија, премачкајте ги со одприлика 2 лажици млеко и печете на 180С - 8 минути. Печените медењаци уште врели повторно премачкајте ги со млеко и потоа по желба, можи да ги премачкате со растопено чоколадо и сецкани ореви. *Овие колачи се чуваат во добро затворена кутија. Треба да одстојат неколку дена за да омекнат.