Кога сте кнап со време, а душата ви посакува нешто благо, еве идеја за десерт, кој се прави за 5 минути.
Над пареа растопете ги квалитетното чоколадио и путерот.
Тргнете ги настарана малку нека се изладат.
Додадете миризливи зачини по ваш вкус.Промешајте.
Кога веќе смесата почнала да се стега, со лажиче врз фолија редете купчиња, врз нив ставете надолжина сецкан бадем и гоџи бери.
Нежно со лажичето притиснете, да се залепат и да се добие лик на медаљон и почекајте да се стегнат.
Толку.
Излегуваат околу 15 парчиња

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани