Испечати

Чоколадни медаљони со гоџи бери и бадеми

Чоколадни медаљони со гоџи бери и бадеми

Состојки

  • 100гр црно чоколадо(70% какао маса)
  • 1лажица путер
  • цимет, морско оревче, ванила на вкус
  • 50гр бадем
  • 50гр гоџи бери

Подготовка

Кога сте кнап со време, а душата ви посакува нешто благо, еве идеја за десерт, кој се прави за 5 минути.
Над пареа растопете ги квалитетното чоколадио и путерот.
Тргнете ги настарана малку нека се изладат.
Додадете миризливи зачини по ваш вкус.Промешајте.
Кога веќе смесата почнала да се стега, со лажиче врз фолија редете купчиња, врз нив ставете надолжина сецкан бадем и гоџи бери.
Нежно со лажичето притиснете, да се залепат и да се добие лик на медаљон и почекајте да се стегнат.
Толку.
Излегуваат околу 15 парчиња