После подолга пауза еве ме и мене назад на дружба =)
Овие чоколадни срциња беа мој придонес за средбата оваа година.

1. Прво се подготвуваат кремовите.
За карамелот во сад на оган ставете го шеќерот и оставете го да се стопи целосно без да мешате. Кога ќе добие убава боја додадете го путерот да се растопи, па потоа посетепно млекото. Мешајте да се добие убав карамел сос. Во садот со ореви додадете ја солта, па додете ги во карамелот. Промешајте и оставете да се излади. Ќе ви изгледа течно, но со ладење смесата се згуснува.

2. За ванила кремот дел од млекото со лимно шеќерот ставете во сад на оган да се загрева (да не зоврие). Во друг подлабок сад ставете ги жолчките и шеќерот и со жица убаво изматете да се добие бледо жолта боја. Просејте ги брашното и густинот и убаво измешајте со жицата да нема грутчиња. Додадете го и останатиот дел од млекото и измешајте ја цела смеса убаво.
Млекото што се загрева тргнете го пред да почне да врие и внимателно во тенок млаз додавајте го во садот со жолчките, притоа постојано мешајќи. Кога ќе се спои целата смеса, вратете во сад на оган, на средно тивка температура и мешајте постојано (10-12 мин.) додека не се добие густ крем. На крај додадете ги екстрактите по желба и путерот, промешајте да се спои, покријте со најлонска фолија и оставете убаво да се излади.

3. За корпиците, стопете го чоколадото со маслото во сад на пареа и чоколадирајте ги калапите. Јас чоколадирам по 3 пати, со кратки паузи во замрзнувач.

4. Наполнете ги калапите прво со карамел кремот, па потоа со ванила кремот. Декорирајте по желба.

Пријатен апетит =)

* Во ванила кремот јас ги додадов и 3те белки, изматени цврсто, но потоа увидов дека немаше потреба. Па кремот не беше доволно цврст.
*Во однос на солта за во карамелот, на сликата е прикажана многу малечка лажичка, соодветна за 1/2 нормална мала лажичка. Јас додадов 2 такви многу малечки лажички, односно 1 цела мала лажичка. И не, не е многу сол, Всушност малку е =)
* Од оваа доза ми излегоа 45 корпици, но ми остана карамел крем. Кој со малку повеќе сол се искористи за друг рецепт, кој ќе следи.
* Јегер ликерот е всушност нешто меѓу јегер и пелинковец, има слатко горчлив вкус.

Лиценца: Сите права се задржани