Чоколадни колачи со орев и јаболка
Јаболката изрендајте ги, промешајте ги со шеќерот и ставете ги да се пржат се додека не го изгубат сокот. Додајте го циметот и оревите и оставете го да се олади. За шербетот, зовријте ја водата со шеќерот и оставете го да се излади. Замесете ги сите состојки за тестото. Количината на брашно може да варира, не го ставајте одеднаш, тестото треба да е мазно, меко и убаво да се формира. Во внатрешноста од цедалката за лимон ставете парче најлонска фолија. Земајте од тестото парчиња со големина на поголем орев, ставете го во длабнатината и со прст направете џеб. Ставете по едно лажиче од филот и затворете го. Колачињата редете ги на плех со хартија и печете ги во загреана рерна на 180 степени, петнаесетина минути. Откако ќе ги извадите потопете ги во шербетот и тргајте ги на страна (не треба да киснат во него).