Чоколадни колачиња со два вида чоколадо
За колачињава, колку и да пишам ќе биде малку. Само подгответе ги и уживајте во вкусот на чоколадите.
Во касерола на оган се растопува 200 гр црно чоколадо со 50 гр путер.
Попрскав прстофат сол.
Јас ја стопив на пареа,па ја тргнав од огнот.
Додадов 340 мл кондензирано млеко, па убаво мешајќи со шпатула ја соединив смесата.
Додадов една лажичка од 25 грама мелени бадеми.
Во цедалка ставив 200 грама брашно, па полека го просеав во садот кај чоколадата.
Промешав добро да ја спојам цела смеса.
Вака подготвената смеса, ја префрлив во фрижидер и ја оставив 20 минути.
За тоа време додека ја чекав смесава да излади,во друг сад изрендав убаво квалитетно бело чоколадо.
Во друг сад сад пак ги истолчив топчињата од чоколадо. br />
После 20минути го вадиме садот од ладилникот и почнуваме да ги додаваме чоколадните топчиња и чоколадата.Ги додаваме постепено и полека ја месиме смесата со рака.
Откако завршивме, го делиме тестото на 24 топчиња. Секое топче го расплеснуваме и го редиме на хартија за печење.
Печеме на загреана рерна од 175 степени околу 12 минути.
Печените колачиња ги редиме на решетка па со растопено чоколадо ги попрскуваме по должина.
Оставаме да се стврддне чоколадата па ги собираме во една кутија.
Колачињата се фантазија.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови