Чоколадна торта (Masterpiece)
Уште една чоколадна торта од моите „изуми“ кои некако ми тргнаа ептен по рака и уживам додека ги приготвувам.
Се надевам ќе ви се допадне, брза е и лесна за подготовка, со богат чоколаден вкус!
Најнапред се приготвува кремот.
1. Жолчките, 200 мл. млеко и пудингот се миксаат во блендер.
2. Останатото млеко се става во тенџере на оган да зоврие со шеќерот.
3. Блендираната смеса се додава во млекото кое врие.
4. Се вари густ пудинг и се додава искршено чоколадото.
5. Мешаме додека да ни се соедини чоколадниот крем. Препорачливо е да се користи чоколадо со барем над 50% какао маса (кој може и над 70%) за да биде што побогат чоколадниот крем.
6. Готовиот и топол крем го покриваме со растеглива фолија и го оставаме да се излади добро.
7. Потоа, изладен, го спојуваме со изматените маргарин и шеќер во прав.
8. За двете исти теста, прво ги мешаме газозата, маслото и шеќерот.
9. Мешаме за да се истопи шеќерот низ течностите.
10. Потоа додаваме просеани брашно, пециво и какао.
11. Мешаме убаво се и печеме во намастено тавче 24.
12. Се пече околу 15 минути на 180 степени во слабо загреана рерна.
13. За третото тесто, прво ги матиме ладните белки.
14. Додека матиме го додаваме шеќерот.
15. Кога ќе добиеме цврст снег додаваме брашно, какао и пециво, пак просеани.
16. Мешаме убаво и и ова тесто го печеме на ист начин, во тавчето со иста големина.
17. Сите теста треба да бидат добро изладени пред тортата да се филува.
18. Тортата се филува со тоа што филот се дели на три еднакви дела.
19. Најдолу оди едно од двете исти теста, фил, тестото од белки, фил и второто исто тесто. Целата торта се премачкува со фил.
20. Тортата се остава исфилувана да преноќи во фрижидер.
21. Глазурата се спрема следниот ден . Прво се топи маргаринот, се додава искршено чоколадо, се топи, се додава масло и вода.
22. Чоколадната смеса треба добро да се изедначи.
23. Топла се прелива врз тортата, а тортата се украсува по желба и се враќа уште 1 час во фрижидер, пред да се исече и послужи.