Чоколадна торта
1. Најпрво се прави пандишпан од 6 јајца, 6 лаж. шекер, 6 лаж. брашно 4 лаж. какао и 1 прашок за пециво. Се пече во плех обложен со хартија за печење на 200 степени 20 минути.
2. За фил - 4 жолчки се матат со 100 грама шекер и се ставаат да пареа и во нив се додава чоколадата и кога ке биде готов филот се трга од оган и се остава да се олади. Потоа пенесто се мати маргаринот и во него се додава лажица по лажица од филот.
3. За вториот фил - се ставаат 300 гр. шекер со 50 мл вода да зовријат и потоа постепено се додава во претходно изматени 4 белки со малку сол. И сето тоа се мати додека да се олади смесата, ова всушност е кога се прави шампита.
4. На крај пандишпанот се сече на 4 дела и се започнува со филувањето. Најпрво се става првиот пандишпан па филот со жолчките па фил со белките и пак пандишпан и така натаму се повторува постапката.
Се декорира со фондан смеса.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
благодарам
Најпрво се става желатинот во 50 мл. вода да стои 5-6 мин. Потоа се става фруктозата со 20 мл. вода на тивок оган да се стопи фруктозата и се трга од оган и во неа се додава желатинот и 1 лаж. глицерин.
Пола од шеќерот во прав се става во пластичен сад и во него се додава претходната смеса и се меша најпрво со лажица па потоа постепено се додава од преостанатиот шеќер во прав и сето тоа се замесува. Добиениот фондан се става во кеса убаво свиткано за да не прима воздух и се цува во собна температура.
Најдобар за употреба е после еден ден.
И тогаш можеби ке се рони малку но нојдобро ке биде да се стави 5-10 секунди во микробранова печка за да омекне.
И за него се користат течни прехрамбени бои.
Мислам дека објаснив добро, ако има нешто нејасно слободно прашајте.
Поздрав
или тоа е општопознат факт што јас не сум го знаела па се запрепастувам ко да сум видела вонземјанин? :) :) :) :)
и ОШ нешто да те опитам за тоа чудото желатин. памтам порано мајка ми го купуваше и личеше на пластични ленти. беше спакуван во кутија. уште ли така може да се најде и каде може да се најде? или само јас сум од оние тапоглавците што не знаат ништо и тормозат со прашања ? :) :) :) :)
фала и тортичено е ле бон бон :)
еден желатин - од оние во мали кесички како ванилин шеќер од окулу 10 гр?
фала пак по стоти пат :) :) :) :)