Чоколадна торта
Состојки
- 6 јајца
- 6 лажици шекер
- 6 лажици брашно
- 4 лажици какао
- 1 прашок за пециво
- 4 жолчки
- 100 грама шекер во прав
- 100 грама чоколада
- 125 грама маргарин
- 4 белки
- 300 грама шекер
- 50 мл вода
Подготовка
1. Најпрво се прави пандишпан од 6 јајца, 6 лаж. шекер, 6 лаж. брашно 4 лаж. какао и 1 прашок за пециво. Се пече во плех обложен со хартија за печење на 200 степени 20 минути.
2. За фил - 4 жолчки се матат со 100 грама шекер и се ставаат да пареа и во нив се додава чоколадата и кога ке биде готов филот се трга од оган и се остава да се олади. Потоа пенесто се мати маргаринот и во него се додава лажица по лажица од филот.
3. За вториот фил - се ставаат 300 гр. шекер со 50 мл вода да зовријат и потоа постепено се додава во претходно изматени 4 белки со малку сол. И сето тоа се мати додека да се олади смесата, ова всушност е кога се прави шампита.
4. На крај пандишпанот се сече на 4 дела и се започнува со филувањето. Најпрво се става првиот пандишпан па филот со жолчките па фил со белките и пак пандишпан и така натаму се повторува постапката.
Се декорира со фондан смеса.