26
јул
2015
Чоколадна Панакота
Се ставаат слатката павлака, чоколадното млеко(може и обично млеко, но додадете плус шеќер), шеќерот(по вкус) и чоколадото на оган да зовријат. На страна во меѓувреме кесичката желатин да се кисне во 50мл вода околу 10мин. Откако убаво ќе се стопи чоколадото се тргаат на страна и му се додава желатинот и се меша додека не се стопи. Веднаш смесата се става во калапи. Прво да стојат на собна температура, а потоа во фрижидер 3-4 саати. Се вадат од калапите и се сервираат со овошен џем.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови