Чоколаден Ролат
1. Најпрво се прави филот со чоколада, за да се лади додека се спрема кората.
2. Слатката павлака се става во мал сад и се додава во него искршената чоколада. Ова се меша на најслаб оган цело време додека се растопи чоколадата. Може на најслаба рингла или над пареа. Садот се остава да се олади.
3. Кора- Се двојат жолчките од белките. Белките се матат во цврст снег заедно со водата и се оставаат настрана. Брашното се меша заедно со пецивото, оревите и какаото. Жолчките со шеќерот и ванилите се матат додека се згуснат па постепено се додава брашното и се меша со шпатула. Сега во ова се додава снегот од белки и рамномерно внимателно се меша со шпатула.
4. Се става тестото во тава/ плех од рерна кој е обложен со хартија за печење и се пече во загреана рерна на 180С-15мин.
5. Се вади кората и веднаш се завиткува во ролат по должина со хартијата и се покрива со навлажната кујнска крпа и се остава малку да олади.
6. Фил- Путерот се сечка на ситно и се миксира заедно со шеќерот и ванилата. Постепено се додава лажица по лажица од чоколадната смеса цело време мешајки со миксерот се додека целата смеса не се изедначи. Се премачкува целата кора со повеке од половина смеса се замотува во ролат и одозгора се премачкува со остатокот од филот. Над него се става глазура од чоколада .
Лиценца: Сите права се задржани