Белките се разделуваат од жолчките. На жолчките им се додава половина од шеќерот и се матат над пареа. Чоколадото се растопува и се додава на разматените жолчки. Во смесата се додаваат какаото,  лутиот црвен пипер и румот и смесата се остава да се олади.
Слатката павлака се мати на снег и се додава во изладената чоколадна смеса. Се соединува со внимателно мешање со лажица.
Во друг сад се ставаат белките и им се додаваат преостанатиот шеќер и ванилата и се мати до добивање на тврд снег.
Белките се додаваат на 3 пати во смесата со чоколадото сето се промешува внимателно со лажица или шпатула.
Готовиот мус се распределува во чаши и се остава во фрижидер најмалку 2 часа.

Забелешка
- Чоколадото треба да биде најмалку со 50% какао.
- Внимателно се меша со лажица за да се задржи возможно најмногу воздух во смесата (мусот да биде аериран).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови