Чоколаден мус крем
Состојки
- 200 гр. тенмо чоколадо со голем процент какао
- 5 јајца
- 100 гр. шеќер
- 150 мл. слатка павлака
- 1 мала лажица какаo
- прстофат сол
- 30мл. рум
- 1/4 мала лажица лут црвен пипер или чили во прав
- 1 ванила
Подготовка
Белките се разделуваат од жолчките. На жолчките им се додава половина од шеќерот и се матат над пареа. Чоколадото се растопува и се додава на разматените жолчки. Во смесата се додаваат какаото, лутиот црвен пипер и румот и смесата се остава да се олади.
Слатката павлака се мати на снег и се додава во изладената чоколадна смеса. Се соединува со внимателно мешање со лажица.
Во друг сад се ставаат белките и им се додаваат преостанатиот шеќер и ванилата и се мати до добивање на тврд снег.
Белките се додаваат на 3 пати во смесата со чоколадото сето се промешува внимателно со лажица или шпатула.
Готовиот мус се распределува во чаши и се остава во фрижидер најмалку 2 часа.
Забелешка
- Чоколадото треба да биде најмалку со 50% какао.
- Внимателно се меша со лажица за да се задржи возможно најмногу воздух во смесата (мусот да биде аериран).