Сунѓерест, освежителен колач кој се топи во уста. Топло го препорачувам да го пробате!
4 жолчки се матат со 100гр шеќер. На страна 100гр чоколадо со 50гр путер и ситно исецкани 20тина ливчиња свежо нане се топат на пареа. Откако убаво ќе се изматат жолчките се додаваат чоколадото и путерот , 1 лажица какао, 1 ванила и 1 лажиче екстракт од ментол.
На страна 4 белки се матат во цврст снег. Белките се додаваат на жолчките и се меша пополека со лажица да се соедини смесата. Се става во помало тавче намрсено со путер и се печи во загреана рерна на 160 степени околу 40мин. Се остава убаво да се излади пред да се сечи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови