1
јун
2015
Чоколаден колач без брашно
Вкусен, сочен чоколаден колач со ореви.
Прво се матат 3 жолчки со шеќерот, убаво смесата да обели.
Потоа се додава изладениот растопен путер, сокот, кората од портокал, оревите, пецивото, брусницата, какото, лебните трошки.Убаво се промешува.
На крај се додава снег од 3 белки.
Лесно се промешува и смесата се истура во мала ростер тава.
се печи 10-15 минути на 190 с.
Изладениот колач се прелива од глазурата - растопеното чоколадо со путер.
Нека се стегни убаво, па се сечи на коцки.
Лиценца: Сите права се задржани