Испечати

Чоколаден минт колач (без брашно)

Чоколаден минт колач (без брашно)

Состојки

  • 4 јајца
  • 100гр шеќер
  • 100гр чоколадо
  • 50гр путер
  • 1 лажица какао
  • 1 ванила
  • 1 лажичка екстракт од ментол(по желба)
  • 20тина ливчиња свежо нане
  • 1 пециво

Подготовка

Сунѓерест, освежителен колач кој се топи во уста. Топло го препорачувам да го пробате!
4 жолчки се матат со 100гр шеќер. На страна 100гр чоколадо со 50гр путер и ситно исецкани 20тина ливчиња свежо нане се топат на пареа. Откако убаво ќе се изматат жолчките се додаваат чоколадото и путерот , 1 лажица какао, 1 ванила и 1 лажиче екстракт од ментол.
На страна 4 белки се матат во цврст снег. Белките се додаваат на жолчките и се меша пополека со лажица да се соедини смесата. Се става во помало тавче намрсено со путер и се печи во загреана рерна на 160 степени околу 40мин. Се остава убаво да се излади пред да се сечи.