Тесто
Мелените бисквити, се месат заедно со маргаринот, млекото и какаото во хомогена смеса.
Потоа се расплеснува на округол калап 22см, со обрач кој се одстранува.

1 фил - темно чоколаго

300 мл слатка павлака се загрева до точка на вриење, не повеќе од тоа и во неа се додава чоколадото. Се меша додека да се растопи чоколадото и да се хомогенизира.
Потоа се остава да се олади до 35С.
200 мл слатка павлака се мати со 2 лажици шеќер во прав, како шлаг. За да се добие цврта смеса потребно е во текот на матењето да се стават 5-6 капки лимонов сок.
Оладената смеса со хслатка павлака и чоколадо, лажица по лажица се додава во изматената слатка павлака и се меша со жица за матење, за да се добие воздушест крем.

2 фил - млечно чоколадо
Постапката се повторува, разликата е само во чоколадото.

За оваа рецепта потребно е да се користат квалитетни чоколади, за да кремот е цврт и биде вкусна тортата. 

Шлаг
Маргаринот, млекото, шеќерот и чоколадото се топат загреваат до вриење. Потребно е смесата да врие неколку минути за да се згусне.
Шлаг кремот од чоколадо се мати и во него се додава оладената смеса од маргарин, млеко, шеќер и чоколадо.

Редење на тортата

Тесто
Фил од темно чоколадо
Вишни (можат да бидат одстојани во рум)
Фил од млечно чоколадо
Шлаг

Тортата се остава во фрижидер за замрзнување неколку саати, а потоа се префрла во обичен, за да филот ја добие потребната цврстина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови