Чкето
Во Прилеп да бидеш, Ширден да не јадиш - исто како да не си бил. Ова важи и за овој рецепт, за кој јас немав поима дека постои вакво нешто со ова име и не знам што значи Чкето. Јелена вели дека ова е традиционален рецепт за Мариово, потекнува од таму, таа си го знаи нели си е Прилепчанка.
Така драги мои, ова е Јеленино Чкето, така го прекрстив јас. Во нашиот крај не се спрема вака, а ние му се добро сладиме, во глинен сад спремано е со вкус незаборавен и морковот ми е нешто посебно вкусен,
Подготовка
-Месото се сече на коцки
- Морковот се сече во форма која ќе си ја одберете - јас на кругови.
- Лукот исчистен и сецкан покрупно или ако се ситни чешнињата се ставаат цели
- Во земјен сад се реди прво од морковот, се става врз него од исечканото месо, се зачинува, овде, додава врз него повторно од морковот и така додека не се потроши, завршувате со морковот.
- Врз него се налеваат измешани виното, зејтинот и водата, се посипува со магданосот, се става во рерна да крчка добри 3 часа.
Забелешка
- Чкетото незнам дали го има во друга верзија - јас кога имам повеќе време за во кујна, а сум одлучила да го спремам овој преслаток ручек. Исечканото месо прво лесно го запржувам, а понатаму се исто. Ова што го гледате е во оригинал верзијата, но јас сакам да прво е мааалкуцка запржено месото.
- Ако го спремите во земјен сад со капак, за да дихтува подобро замесете тесто и затворете го капакот од страната со него, ставете во ладна рерна, па потоа вклучете ја - ова за да не ви пукне садот.
- Ако го спремите во друг сад, тогаш добро затворете го со фолија.
Водата не е напишана во количина бидејки тоа го ставам одокативно - потребно е да течноста биде малку над месото со морковот.
Лиценца: Сите права се задржани
Навистина и јас прв пат слушам за овој наш специјалитет,нашите ресторани треба сите овие наши традиционални јадења да си ги вметнат во менијата!