Чизкејк со јапонски јаболка (без печење)
Подготовка на бисквитот
Мелените бисквити и растопениот путер соединете ги и префрлете ги во калап на отварање со дијаметар од 28 см претходно обложен со хартија за пачење. Со помош на лажица притискајќи измазнете ги рамномерно низ дното од калапот.
Потоа ставете го калапот во фрижидер пола час да излади бисквитот.
Подготовка на кремот
Ставете го желатинот во ладна вода да омекне десетина минути. Во мегувреме изматете го со миксер крем сирењето со аромата од лимон додека не стане кремасто. Во друг сад изматете ги со миксер слатката павлака и шеќерот. Потоа соединетете ги двете смеси.
Во сад на оган додадете го омекнатиот желатин додека не се растопи, потоа додадете го во кремот и мешајте со спатола додека смесата не стане хомогена.
Кремот нанесете го врз изладениот бисквит и вратете го повторно калапот во фрижидер околу еден час.
Во меѓувреме подгответе ја кашата од јапонски јаболка.
Ставете го желатинот во ладна вода да омекне десетина минути.
Излупете ги јапонските јаболка и додадете ги во сад со шеќерот, Испасирејте ги со блендер, ако немате блендер поминете ги низ цедалка. Во сад на оган додадете го омекнатиот желатин додека не се растопи, потоа додадете го во смесата од испасираните јапонски јаболка и размешајте.
Додадете ја кашата врз кремот во калапот и вратете го калапот повторно во фрижидер околу два часа.
Декорирајте ја тортата по желба пред да ја послужите.
Лиценца: Сите права се задржани
Sovrsena vo sekoj pogled, bravo :)
Честитки за РД!
п.с. И ти ги пратам чинииве и додатоциве. Прво, мислам дека имаш цел еден оддел во домот само за украсни чинии, со убави бои и шари. Второ, ако ти снема некоја кога ќе ти дојдам некој пат на гости, јас сум ти ја позајмила...ахахахахахахахха...
Ти само дојди ми за чиниите не е проблем <3