Чизкејк со јапонски јаболка (без печење)
Состојки
- За бисквитот
- 280 гр. мелени бисквити
- 150 гр. растопен путер
- За кремот
- 250 гр. слатка павлака
- 400 гр.. крем сирење
- 100 гр. шеќер во прав
- 1 лажица арома од лимон
- 10 гр. желатин
- 3 лажици ладна вода
- За кашата од јапонски јаболка
- 4 зрели јапонски јаболка
- 2 лажици шеќер
- 10 гр. желатин
- 3 лажици ладна вода
Подготовка
Подготовка на бисквитот
Мелените бисквити и растопениот путер соединете ги и префрлете ги во калап на отварање со дијаметар од 28 см претходно обложен со хартија за пачење. Со помош на лажица притискајќи измазнете ги рамномерно низ дното од калапот.
Потоа ставете го калапот во фрижидер пола час да излади бисквитот.
Подготовка на кремот
Ставете го желатинот во ладна вода да омекне десетина минути. Во мегувреме изматете го со миксер крем сирењето со аромата од лимон додека не стане кремасто. Во друг сад изматете ги со миксер слатката павлака и шеќерот. Потоа соединетете ги двете смеси.
Во сад на оган додадете го омекнатиот желатин додека не се растопи, потоа додадете го во кремот и мешајте со спатола додека смесата не стане хомогена.
Кремот нанесете го врз изладениот бисквит и вратете го повторно калапот во фрижидер околу еден час.
Во меѓувреме подгответе ја кашата од јапонски јаболка.
Ставете го желатинот во ладна вода да омекне десетина минути.
Излупете ги јапонските јаболка и додадете ги во сад со шеќерот, Испасирејте ги со блендер, ако немате блендер поминете ги низ цедалка. Во сад на оган додадете го омекнатиот желатин додека не се растопи, потоа додадете го во смесата од испасираните јапонски јаболка и размешајте.
Додадете ја кашата врз кремот во калапот и вратете го калапот повторно во фрижидер околу два часа.
Декорирајте ја тортата по желба пред да ја послужите.