За подлога
Бисквитите измелете ги, додајте го какаото и растопен и путер измешајте.
Во калап равномерно расподелете ја подлогата и оставете во фриждер.

За фил
Во желатинот ставете 50 гр ладна вода.
Желе бонбони исечете ги на ситни коцки.
Павлаката измашајте со крем сирење, додајте 1 ванила и шеќер во прав.
Желатинот растопете го и истурете го во смесата, додајте желе бонбони и се' убаво промешајте. Истурете на подлогата од бисквити и ставете во фрижидер да се стегне неколку часа.
Украсете со шлаг крем и коцки желе бонбони.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани