Подготовка

1. Најпрво ги мелеме лешниците и бадемите. Потоа ги додаваме и останатите состојки за основата и обработуваме се добро во блендер или процесор за храна. Добиената смеса ја натапкуваме на дното на калап со димензии 20х30цм. Го оставаме калапот во замрзнувач.
2. Во блендер ги додаваме омекнатите индиски ореви, јаворовиот сируп, сокот од лимон и ванилата. Обработуваме трпеливо, додека да добиеме кремаста смеса. Го додаваме кокосовиот крем и обработуваме до соединување.
3. Половина од смесата ја истураме во калапот врз подготвената основа. Го враќаме калапот во замрзнувач.
4. Во остатокот од филот го додаваме пирето од тиква и зачините и обработуваме до целосно соединување. Добиената смеса ја истураме во калапот. Израмнуваме и оставаме во замрзнувач преку ноќ.
5. Пред послужување, оставете го калапот на собна температура барем 20 минути. Исечете на коцки, а потоа чувајте ги во фрижидер (нема потреба да стојат во замрзнувач). На здравје!

*лешниците и бадемите може да се заменат со ореви
*кокосовиот крем треба да стои во фрижидер најмалку една ноќ пред употреба
*доколку смесата за фил во блендерот е многу густа, додадете малку од течноста од конзервата кокосов крем

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани