Подготовка

1. Омекнатиот путер се мати со шеќерот, солта и медот. Потоа ги додаваме брашното и ситно сецканите фстаци. Дел од тестото (околу 130г) одвојуваме и го ставаме во фрижидер. Останатото тесто го натапкуваме на дното од премачкан коцкаст сад за печење (20цм), правиме дупчиња со вилушка и печеме на 180 степени околу 20 минути.

2. Го вадиме од рерна и премачкуваме со марамалад од кајсии. Остатокот од тестото што го зачувавме во фрижидер како и крупно сецканите фстаци го рониме врз слојот од мармалад. Печеме уште 15-20 минути (додека не добие златно-кафеава боја).
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови