Испечати

Барови со мармалад од кајсии и фстаци

Барови со мармалад од кајсии и фстаци

Состојки

  • 70г шеќер
  • 130г путер (собна температура)
  • 1/2 лажичка сол
  • 60г мед
  • 1 лажичка ванила арома
  • 1 жолчка
  • 270г брашно
  • 50г фстаци (ситно сецкани)
  • 280г мармалад од кајсии
  • 20г фстаци (покрупно сецкани)

Подготовка

Подготовка

1. Омекнатиот путер се мати со шеќерот, солта и медот. Потоа ги додаваме брашното и ситно сецканите фстаци. Дел од тестото (околу 130г) одвојуваме и го ставаме во фрижидер. Останатото тесто го натапкуваме на дното од премачкан коцкаст сад за печење (20цм), правиме дупчиња со вилушка и печеме на 180 степени околу 20 минути.

2. Го вадиме од рерна и премачкуваме со марамалад од кајсии. Остатокот од тестото што го зачувавме во фрижидер како и крупно сецканите фстаци го рониме врз слојот од мармалад. Печеме уште 15-20 минути (додека не добие златно-кафеава боја).
На здравје!