Меки палачинки совршени за појадок, здрави, вкусни и посни.
Се се меша со лажица и се остава да отсои 15мин за чиа семето да ја направи својата магија.
Се пржат на тавче за палачинки, одозгора се додаваат сецкани боровинки. Се служат топли прелиени со мед и свежи боровинки.
Домашно бадемово млеко правам од 100гр бадеми(киснети цела ноќ) со 400мл вода. Другиот ден се блендираат, се цеди низ газа и бадемовото млеко е спремно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови