Испечати

Чиа палачинки со боровинки (посно)

Чиа палачинки со боровинки (посно)

Состојки

  • 1 шола брашно (пола овесно, пола интегрално)
  • 1 шола бадемово млеко
  • 1,5 лажица мед
  • пола пециво
  • 2 лажички чиа семе
  • малку сол
  • по потреба боровинки

Подготовка

Меки палачинки совршени за појадок, здрави, вкусни и посни.
Се се меша со лажица и се остава да отсои 15мин за чиа семето да ја направи својата магија.
Се пржат на тавче за палачинки, одозгора се додаваат сецкани боровинки. Се служат топли прелиени со мед и свежи боровинки.
Домашно бадемово млеко правам од 100гр бадеми(киснети цела ноќ) со 400мл вода. Другиот ден се блендираат, се цеди низ газа и бадемовото млеко е спремно.