За овој рецепт, за овие мини тортички од палачинки, потребен ви е калап во форма на срце во кој ќе ги печете палачинките...

Подготовка
1. Бидејќи имавме готова смеса, смесата за палачинките ја подготвивме од неа, а вие подгответе си по ваш рецепт.
2. Откако ќе ги испечеме палачинките, оставаме да оладат, а за тоа време го подготвуваме филот.
3. Ја матиме слатката павлака и во неа ги ставаме мелените бисквити, соединуваме па смесата ја ставаме во шприц.
4.Секоја палачинка ја премачкуваме со крем, па ја филуваме со филот, за на крајот да ставиме боровинки.
5. Последната филувана палачинка ја прелеваме со прелив од малини.

Забелешка
Висината на колачов од палачинки си го правите по сопствен вкус. Количината на фил и крем исто по сопствен вкус, ама задолжително боровинки или овошје по желба.
Во овој случај боровинките значително го освежија слаткиот вкус на секој залак од колачов.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани